Без застој продолжуваат работите на барокните фасади во центарот на Скопје.
Голем дел од стаклената фасада на деловната зграда „Палома бјанка“ во центарот на Скопје повеќе не се гледа. Викендов беше оградена со скеле и заштитна мрежа. Градските власти се уште не соопштија која фирма го направила основниот проект за фасадата која треба да биде барокна.
На јавниот оглас од минатиот месец, од Градот известија дека се пријавила само една фирма за 7.000 евра да го изработи основниот проект за барокна фасада, но името не го соопштија.
Покрај „Палома бјанка“ нови барокни фасади ќе добијат и сите останати згради околу плоштадот ВМРО.