На сцената на НОБ ќе се изведе операта „Боеми“

Сподели

 

На 16 март со почеток во 20:00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе ремек-делото „Боеми“ од Џакомо Пучини. Приказната за животот на љубовниците Родолфо и Мими  ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, претставата е доловена преку масивната сценографија на Зоран Николовски и колоритната костимографија на Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска и Ѓурѓица Дашиќ.

Настапува домашна солистичка екипа: Ѓорѓи Цуцковски, Благица Поп Томова, Марјан Јованоски, Драган Ампов, Александар Стефаноски, Биљана Јосифов, Невен Силјановски,
Борко Биџовски, Јане Дунимаглоски, Тихомир Јакимовски, Диме Петров, во придружба на хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

„Боеми“ од Џакомо Пучини e опера во четири чина, дејството се одвива во Париз, либрето се базира на „Сцени од животот на боемите”од Хенри Мургер.