На Владината зграда поставена табла – Република Северна Македонија

Сподели

Денеска е поставена таблата со новото име Република Северна Македонија на владината зграда, еден ден пред посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас, прв грчки премиер кој доаѓа во официјална посета на државата од осамостојувањето.

На таблата името е напишано на три јазици, на македонски, на албански и на англиски.

Претходно на врвот на зградата стоеше натпис Влада на Република Македонија, но буквите беа симнати на 11. февруари, откако Собранието го смени уставното име по Преспанскиот договор.