Над 2.500 жители на Мариупол загинаа во нападите – Почина и трудницата чија фотографија го обиколи светот

Сподели

 

Повеќе од 2.500 жители на црноморскиот пристанишен град Мариупол се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, изјави претседателскиот советник Олексиј Арестович. 

Арестович изјави дека се повикува на бројки од градската управа на Мариупол и ги обвини руските сили дека вчера спречиле хуманитарната помош да стигне до опколениот град.

Русија тврди дека не гаѓа цивили.

По бомбардирањето на породилиштето во Мариупол, „Асошиетед прес“ сними бремена жена на носилка која спасувачите ја носат преку урнатините до амбулантното возило. По бомбардирањето таа била пренесена во друга болница каде лекарите се бореле да ги спасат, и бебето и нејзе.

Од болницата изјавја дека е донесена во тешка состојба, бебето не давало знаци на живот, па тргнале да го спасат животот на мајката.

„Ја реанимиравме мајката повеќе од 30 минути, но за жал не успеавме. Починаа и бебето и мајката“ – изјавил хирургот.