Над 340.000 пензионери од денес ќе добиваат за 2500 денари повисока пензија.
Со линеарното покачување на пензиите во месец септември и мартовската пензија во месец април, пензионерите добиваат за 5000 денари повисоки пензии за само 9 месеци мандат од оваа Влада.
Покачувањето на пензиите беше едно од предизборните ветувања на оваа Влада, која веднаш, на првата владина седница, започна со постапката за нејзино реализирање.
