Бројот на жртвите од разорниот земјотрес во Турција се зголеми на 6.957, а повредени се 38.224 лица, соопшти Управата за вонредни состојби, а пренесе Анадолија.
Тешко е да се потврди бројот на загинати во Сирија, но нејзините државни медиуми и спасувачките служби кои работат во северозападниот дел велат дека тој број надмина 2.500.
Спасувачката група „Бели шлемови“, која дејствува во областа под контрола на бунтовниците, на Твитер објави дека бројот на жртви во тие области надминал 1.280 и дека има повеќе од 2.600 повредени.
„Бројот се очекува значително да се зголеми бидејќи стотици семејства се под урнатините, повеќе од 50 часа по земјотресот“, објави групата „Бели шлемови“.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во Турција.