Награда за охридските хористи на фестивал во Ниш

Сподели

Градскиот мешан хор „Vox Lychnidos“ од Охрид, предводен од диригентот Бурим Хидри, доби награда на 29. регионален хорски фестивал „Блескави гласови“ (Блистави гласови) што се одржа во Ниш, соседна Србија.

Фестивалското жири му ја додели на охридскиот хор Повелбата за негување и унапредување на македонската хорска музика, благодарение, пред сè, на одлично оценетите изведби на ариите „Ubi caritas“ и „Bum ta ka bum“ од охридскиот композитор Гоце Гавриловски.  

„Покрај успешниот настап на тој престижен натпревар, како и дружењето со нивни колеги од други земји, хористите од Охрид имаа уникатна можност да одржат неколку проби со маестро Томас Каплин, еден од најдобрите светски хорски диригенти“, информираат од Хорот.