ЊУЈОРК (AA) – По нападот на хуманитарниот конвој на Обединетите нации и сириската Црвена полумесечина, во кој загинаа најмалку 12 хуманитарни работници кај сирискиот град Алепо, заменикот-генерален секретар на Обединетите нации (ОН) за хуманитарни прашања, Стефен О’Браен, рече дека доколку бил намерен, нападот е воено злосторство, јавува Anadolu Agency (AA).
Конвојот превезуваше помош за бегалците во градот Азаз. О’Браен потврди дека во нападот на хуманитарниот конвој на подрачјето Урум ел-Кубре загинале и се повредени голем број лица. Тој нагласи дека е нападнато складиштето на сириската Црвена полумесечина и здравствениот центар.
О’Браен порача дека е трогнат од воздушниот напад изведен на хуманитарниот конвој. Заменикот-генерален секретар на Обединетите нации (ОН) за хуманитарни прашања остро го осуди овој напад.
Тој во врска со нападот повика да се спроведе непристрасна и независна истрага. Хуманитарната помош во конвојот беше наменета за 78.000 лица.
Соединетите Американски Држави и Русија минатата недела постигнаа договор за прекин на судирите. По договорот, ОН испрати конвој на турско-сириската граница, но поради несоодветните услови, конвојот со денови чекаше на границата.
Конвојот е нападнат синоќа, а уништени се најмалку 18 камиони во кои имаше храна и лекови за Азез.