АНКАРА (АА) – Во градот Мезар-и Шариф, во северниот дел на Авганистан, извршен е напад врз Генералниот конзулат на Германија со возилно полно со експлозив, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од безбедносни извори, тројца полицајци се повредени при нападот извршен со автомобил-бомба на влезот од генералниот конзулат на Германија во градот Мезар-и Шариф.
Талибанците соопштија дека нападот е одмазда за операциите на коалициските сили коишто беа извршени овој месец во Кундуз.
Во соопштението од Министерството за надворешни работи на Германија се вели дека пред конзулатот бил извршен оружен напад, но не се дадени никакви информации во врска со природата на нападот и за евентуално загинати или повредени лица.