Напаѓачите на Села обвинети за убиство од вкупно 81,5 години затвор

Сподели

На седумтемина обвинети за обид за убиството на пратеникот Зијадин Села на 27 април минатата година, при крвавите насилства во Собранието, во Основен суд Скопје 1, денеска им беа изречени затворски казни од 10,5  години до 13,5 години затвор, односно вкупно 81,5 години затвор.

Сите беа обвинети за убиство.

Обвинетиот Кире Георгиевски е осуден на 13 години, а истата казна ја  доби и Александар Јаневски – Тошта. Половина година повеќе, односно 13,5 години доби Никола Војминовски. По десет години и шест месеци добија Андреј Мицов, Николче Димитриевски, Оливер Ошавковски и Коста Делов.

Според кривичното дело за кое се гонеа, на обвинетите им се закануваа затворски казни од 5 до 15 години.

Нивните двокати побараа ослободителни пресуди за сите, со образложение дека за ниту еден од нив не постојат докази дека се обиделе да го убијат Села.