НАТО: РУСИЈА ИЗВЕДУВА НЕНАЈАВЕНИ ВОЕНИ ВЕЖБИ И ДОПОЛНИТЕЛНО ГИ ЗАТЕГНУВА ОДНОСИТЕ СО АЛИЈАНСАТА

Сподели

NATO-LOGO-860x680

Заменикот на генералниот секретар на НАТО, Александар Вершбоу изјави дека Русија изведува ненајавени воени вежби што дополнително ги затегнува односите со алијансата.

Вершбоу во Букурешт изјави дека Русија организира големи маневри без најава, „со се` поголема фреквенција“ наведувајќи дека имало десетина такви во претходните две години.

Тој додаде дека НАТО сака да развие поголем обврзувчки режим кој би ја зголемил транспарентноста за поголема стабилизација на незадоволителните односи со Русија.

Членките на НАТО не извеле ненајавени воени вежби уште од крајот на Студената војна, потенцираше Вершбоу.