НаТочак: Со нови мерки да спречат фатални сообраќајќи

Сподели

 

Здружението за урбан велосипедизам На точак веќе 10 години алармира за безбедноста на улиците во Скопје и превенирање на сообраќајни судири.
 
 
Ова здружение тоа повторно го стори во понеделникот со барање од Град Скопје и од скопските општини да споделат информација на кој начин планираат да го адресираат овој проблем во најкус можен рок, преку донесување на конкретни мерки“
Во понеделникот побаравме информација на кој начин општините планираат да преземат мерки за да ја подобрат безбедноста на СИТЕ учесници во сообраќајот, со акцент на пешаците и велосипедистите и во очекување сме на одговор.
 
Спротивно на популарното мислење дека едукацијата е врвот во превентивата, истражувањата покажуваат дека состојбата на терен е најдобрата превентива. Иако теоријата (едукацијата) кажува дека пешаците имаат предност, кога општините ги третираат пешаците за најмалку важни при планирањето на улиците, тоа се рефлектира и во перцепцијата и третманот и на возачите и со тоа безбедносниот систем е нарушен. Состојбата и дизајнот на нашите улици праќа многу поголема порака од било какво убаво срочено правило и за жал, изминатиов месец тоа беше видливо на дело повеќе од кога било.
Скопските улици или личат на писти, или се бесправни паркинзи и праќаат порака на нерамноправност, на предност на агресивниот, на негрижа за послабиот и тоа врши поголема едукација од било која кампања.
 
 
Има повеќе студии кои ја утврдуваат врската помеѓу широчината на коловозните ленти и бројот на жртви во сообраќајот.
 
 
Во минатото се сметало дека колку е поширока лентата, толку поголем е просторот за маневрирање и поголема е безбедноста.
 
Денес се докажува дека поголемата широчина на лентата на возачот му создава психолошко чувство на сигурност и потсвесно го наведува да се движи со поголема брзина. На тој начин погрешно испроектираната широчина на коловозната лента директно го наведува возачот на висок ризик од сообраќаен судир со тешки последици.
 
 
 
Но во моментот кога ваков судир ќе се случи единствено се казнува за индивидуалната одговорност на возачот, но не се бара и институционална одговорност за лошо испроектирана улица, како и за непреземање дејствија таа погрешно испроектирана улица да се промени.
 
 
 
 
 
Дел од промените кои ги бараме се следните:
Според сегашниот Правилник, транзитна магистрална улица треба да биде помеѓу 3,50 и 3,75 m.
Ние предлагаме широчината да биде 3,25 m.
За градска магистрална улица наместо сегашните 3,25 – 3,50 m, предлагаме 3 m.
За собирна улица наместо 3,00 – 3,25 m, предлагаме 3 m.
За сервисна улица наместо 3,00 – 3,25 m, предлагаме 2.75 – 3,00 m.
Надвор и од постоечките пропишани широчини, во релноста низ градот имаме и улици чии коловозни ленти се широки и 4,5 m. Широчината на лентите на улицата 4-ти Јули (Борис Сарафов) во Ѓорче Петров, на која за неполн 1 месец прегазија 2 деца, во одредени делови е 4,5 m.
Како за споредба, во Холандија за автопатите се користи широчината од 3.35 – 3.5 m. Холандија е една од државите со најбезбеден сообраќај во светот и најмалку жртви по глава на жител (3.4 / 100 илјади жители годишно, 3 пати помала стапка од Македонија).
Во Холандија широчината од 3.25 m се користи за патишта со ограничување од 90 km/h, а кај нас ретко се среќава во урбана средина (доминираат ленти од 3.5 m), иако ограничувањето е 50 km/h.
ПОДОБРИ ЗАКОНИ ЗА ПОБЕЗБЕДНИ ГРАДОВИ!
Споделете за поддршка.