Националниот парк Пелистер отпочна со усогласување на практиките за управување со шумите и воведување на нови посовремени и еколошки прифатливи практики и принципи во управувањето со шумите.

Планот е изработен од професори по шумарство и екологија и отпочната е обуката на вработените во НПП која се состои од теоретски и практичен дел на терен во ШСЕ Вртушка.
Реализацијата на оваа активност содржи:
1. Избор и бележење на дрвја најпогодни за квалитетно продуцирање на семе, кое треба да претставува потенцијал за идно природно обновување,
2. Избор на дрвја за сукцесивно отстранување,
3. Мониторинг над процесот за отстранување на дрвјата,
4. Обука и едукација на работници, техничари и инжинери за целиот процес на ревитализација и за заштита и нега на природниот подмладок.
5. Достапност за консултации и разговори, совети и препораки во текот на целиот процес.
6. Обележување на хабитатни дрвја,
7. Утврдување на количина на мртва шумска дрвесина.
Активноста е поддржана од страна на #PONT (Prespa and Ohrid Nature Trust Fund) www.pont.org и се спроведува во рамките на Проектот “Оперативен план 2021-2023”
