Не е 1903, во раководството на ВМРО-ДПМНЕ се криминалци, Манифест не помага, да се овозможи итно мирен трансфер на власта!

Сподели

Соопштение на СДСМ:

Волјата на мнозинството граѓани е промени, правда и квалитетен живот во едно општество за сите. Гласот на граѓаните изразен на кредибилни избори никој нема право да го спречи. Формирано е на демократски начин парламентарно мнозинство од 67 пратеници. Има Програма на новата реформска Влада на унитарна Македонија и тоа е единствениот валиден документ за граѓаните. Следува трансфер на власта на мирен начин што никој нeма право да го спречи.

Денес е 2017, не 1903. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ е составено од кримималци кои бараат спас за сопствената кожа. Спасители на државата се граѓаните кои избраа промени.

Затоа таканаречениот Манифест на ВМРО-ДПМНЕ не е ништо друго туку неуспешен обид за враќање во политичкиот живот на дефакторизираниот Груевски.

Јасно порачавме, нема никакви преговори за амнестија!

Македонија ќе биде правна држава. Сите кои направиле криминал и злодела врз граѓаните ќе одговараат.

Доаѓа нова реформска Влада којашто носи живот за сите граѓани.