И денеска, за време на посетата на Папата Франциск на нашата земја, полицијата покажува подготвеност, целосна посветеност и високата професионалност на сите припадници на Министерството за внатрешни работи.
Нашите полициски службеници на највисоко ниво ја организираат безбедноста и сигурноста на сите граѓани на Северна Македонија, како и на високите гости кои доаѓаат во посета – изјави премиерот Зоран Заев.
Нека е честит 7 мај – Денот на полицијата!