Нема мерки за претпазливост за лицата обвинети во „Тврдина“

Сподели

sud

Судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 го одби предлогот на Специјалното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост на лицата Т.Ј., Н.Б. и В.С., обвинети во случајот „Тврдина“, соопштија од Кривичниот суд.

„Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) за определување мерки за претпазливост против лицата Т.Ј., Н.Б. и В.С. опфатени со предметот на СЈО познат како „Тврдина“, по сослушување на лицата во однос на предлогот, донесе решенија со кои го одби предлогот на обвинителството за сите три лица“, пишува во соопштението на судот.

Против овие решенија дозволено е право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од 24 часа по приемот на решенијата.

meta.mk