Непрописно одлагање отпад од автомобилски гуми во Карпош

Сподели

 

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје констатираше непрописно
одлагање отпад од автомобилски гуми од страна на непознати сторители на
улицата Никола Парапунов во скопската општина Карпош.

„Автомобилските гуми спаѓаат во категоријата опасен отпад и нивното
одлагање на јавни површини претставува директно прекршување на Законот
за јавна чистота. ЈП Комунална хигиена-Скопје нема надлежност за
собирање и транспорт на овој тип на отпад. Апелираме до жителите на
градот Скопје внимателно да ракуваат со опасниот отпад и да го одлагаат
исклучиво кај колективните постапувачи, со што значително ќе придонесат
за заштита на животната околина и јавното здравје.“ – истакна
директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

Воедно, ЈП Комунална хигиена-Скопје учествуваше во координирана акција
со градските јавни претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Улици и
патишта“ за чистење на реонот на Милениумскиот крст на планината Водно.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведоа метење и празнење на
корпите за ситни отпадоци, како и подигнување на отпадот од
Планинарскиот дом и околните угостителски објекти. Во рамките на
акцијата беа собрани и транспортирани приближно три кубни метри мешан
комунален отпад.