Нервоза во врвот на ВМРО-ДПМНЕ, заглавени во барањето амнестија за Груевски прогласија над 600.000 граѓани за нерелевантни

Сподели

Нервозните реакции на раководството на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека опозициската партија се уште е заглавена во поразената матрица на Никола Груевски и барањето амнестија за криминалот.

 

Фокусирани на барање амнестија, Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ целосно го загубија правецот на делување и недозволиво омаловажија над 600 илјади граѓани, прогласувајќи ги за нерелевантни.

Нема ништо порелевантно од волјата на над 600.000 граѓани.

Граѓаните се најважни!

Волјата на граѓаните на реферeндумот е јасно изразена, граѓаните се за иднина на Македонија во ЕУ и НАТО.

Над 600.000 граѓани кажаа дека се ЗА напредок и интеграција.

Сите пратеници, сите политички партии треба да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани и треба да се вклучат во процесите за членство во ЕУ и НАТО.