Нијето: Мексико не ги прифаќа условите за имигрантите кои ги наметнува САД

Сподели

Мексико нема да ги прифати условите кои ги наметнува другата држава во однос на имигрантите, порача претседателот на таа земја, Енрике Пења Нијето, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Мексико не ги прифаќа наметнувањата на било која држава во однос на имиграцијата”, изјави Нијето откако американското Министерство за домашна безбедност вчера објави сет на документи кои вклучуваат одредби според кои американските власти имаат право сите илегални имигранти да ги пратат во Мексико, без оглед на тоа од каде се.

Министерот за надворешни работи на Мексико, Луис Видегарај исто така подвлече дека неговата земја нема да прифати никакви нови прописи, наметнати унилатерално.

„Сакам јасно да истакнам дека владата на Мексико и мексиканскиот народ не мораат да ги прифатат одредбите кои една влада унилатерално сака да ги наметне на друга” , изјави Вигегарај и додаде дека нема да се двоумии по ова прашање да се обрати до мултилатералните организации, почнувајќи од ОН.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и министерот за домашна безбедност, Џон Кели, допатуваа во Мексико каде што преку офоцојални разговори ќе се обидат да ги поправат затегнатите билатерални односи нарушени со изјавите на претседателот Доналд Трамп.

Односите помеѓу САД и Мексико се затегнати по изборот на Доналд Трамп за претседател и неговата намера да изгради ѕид за да ја спречи имиграцијата од Мексико.

Anadolu Agency