Никогаш нема да погодите што сакаше да стане тенисерката Ана Ивановиќ

Сподели

Поранешната шампионка на Ролан Гарос, Ана Ивановиќ зборуваше во подкастот на Германката Џудит Вилијамс.

Српската тенисерка зборуваше за своето детство, нејзините желби и за она што го доживеала под бомбите на НАТО.

Освојувачката на 15 ВТА трофеи и поранешна прва тенисерка во светот откри дека како мала сонувала за многу необична професија за девојчиња на таа возраст.

– Отсекогаш сонував да бидам агент на ЦИА. Многу ме привлече мистеријата во комбинација со психологијата – изјави Ана Ивановиќ.

– Бев свесна што се случува. Првата недела сите седевме дома, не знаевме што да очекуваме. Подоцна се навикнавме, продолжив да тренирам во празниот базен кој беше претворен во тениско игралиште – изјавила Ана и се присетила на еден момент кога многу се исплашила:

– По утринскиот тренинг, моите родители не однесоа и брат ми кај баба ми и дедо ми. Веднаш штом стигнавме, се слушна ехо… Утврдивме дека зградата покрај која поминавме неколку минути претходно е погодена. Бев многу исплашена.

– Можеше да се види многу тага и сиромаштија низ целата земја. Моите родители мораа да одат во Унгарија по храна. Многу повеќе ги ценам работите, бидејќи знам од каде дојдов. Пред се, научив да верувам во себе, дури и кога околностите се отежнувачки – објасни г-ѓа Швајнштајгер.

The post Никогаш нема да погодите што сакаше да стане тенисерката Ана Ивановиќ appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico