Николоски: Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ треба да биде личност која ќе ги обедини сите разочарани од владеењето на СДСМ

Сподели

“- За мене суштински е ВМРО-ДПМНЕ да победи на следните претседателски избори, се надевам заедно со предвремени парламентарни и во таа смисла ВМРО-ДПМНЕ мора да се шири и да обединува што повеќе категории и што повеќе луѓе, не е доволно поддршка да даде само партиската база и само партиските членови, мора да ги привлечеме и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, сите оние кои се со центар десна, десна и конзервативна ориентација, неопределените и оние разочараните од владеењето на СДСМ. Според мене профилот за претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ треба да е личност која ќе ги обедини сите овие структури и ВМРО-ДПМНЕ да победи на претседателските избори и Македонија да има претседател предложен од ВМРО-ДПМНЕ, зошто гледаме дека оваа власт тотално забега и ако нема контрола барем од институцијата претседател на државата, тогаш не знам во кој правец ќе оди државата

Изјави, Александар Николоски