Николовска: Замајување на јавноста е дека ќе станеме бинационална држава

Сподели

 

“Шпекулациите дека со преамбулата ќе дојде до промена на идентитетот на земјата, редефиниција на уредувањето, бинационална држава, се прашања кои се со цел да поттикнат нешто кое не е потребно во моментов, вели претседателката на Работната група за уставни измени”, изјави Маргарита Цаца Николовска, претседателката на работната група за уставни измени во „Клик Плус“ на ТВ21

Според неа, во овој момент на Македонија како држава и е потребно да работи на остварување на стратешката цел-да се влезе во ЕУ.

-“Не знам каква е таа потреба од барање од ЕУ или членките гаранција дека нема да се стопира процесот. Процесот е жив и тече и ќе биде предмет на елаборирање. Од што се плашиме? Фактите се тие. Треба да ги решиме и готово е. Но, да се зборува дека ќе се смени нешто во насока на идентитетот и јазикот, тоа е неприфатливо и замајување на јавноста,” рече Николовска. 
 

Ова следува откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред неколку денови соопшти дека до него допираат информираат дека предмет на дискусија на Работната група за уставни измени не е само за внесување на бугарското малцинство во Преамбулата, туку и целосно редефинирање на Македонија како држава.