Николовски: ЦО на СДСМ избра Извршен одбор на партијата и повеќе секретари

Сподели

Централниот одбор на СДСМ синоќа на седница избра Извршен одбор на партијата, организационен секретар, секретар за меѓународна соработка и Директор на центарот за истражување и аналитики на Социјалдемократскиот Сојуз.

-“Промените во СДСМ продолжуваат во интерес на граѓаните затоа денеска ќе го промовираме и системот и начинот како тоа ние ќе се свртиме кон потребите на граѓаните, особено во делот на системското решеније преку којашто ќе ја следиме реализацијата на програмите на градоначалниците, на она што сме го ветиле пред граѓаните. Ќе ја следиме секоја една мерка, секоја политика и секој проект за текот на неговата реализација преку една веб апликација на СДСМ, но тоа ќе го работиме со партиско –владината комбинација односно реализацијата на програмата Планот за Живот и она што е наше ветување исто така пред граѓаните” – изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

“Тоа ќе го правиме на еден системски поставен начин ќе бидеме силна контрола ќе имаме синхронизирано и унифицирано делување на сите наши кадровски потенцијали, ќе направиме ревидирање и ќе се отвориме кон јавноста и кон капацитетите коишто сакаат да се вградат во креирањето на политиките и во следната победа, а тоа значи дека дел од единците коишто ќе бидат ослободени дали се тоа единци во централната власт или се членови на одредени управни или надзорни органи и тела во истите ќе регрутираме навистина потенцијал коишто е потребен за ова општество, кое што е надвор од партијата и коишто можат да го дадат својот придонес, како што кажав многу подетално ќе разговараме за следните точки коишто ќе следат во моментот, во продолжение на централниот одбор, многу почесто ценралните одбори ќе ги држиме надвор од Скопје ќе ја засилиме нашата работа на извршниот одбор коишто ќе одржува редовно секоја недела седници, ќе го ажурираме месечниот календар на активности денеска коишто подразбира точно секојдневно кои се обврските на министрите, градоначалниците, претседателите на советите, членовите на нашите советничките групи и сите функционери, пратениците, буквално имаме детален месечен распоред на активности до коишто сите ќе се држат, вклучувајќи од претседателот и премиерот до сите функционери односно ќе ја засилиме и неколку пати зголемиме нашата активност и тоа доаѓа во време во коешто имаме лето пред нас, но до летните одмори овој систем ќе биде изграден и структурно поставен, ќе се почитува редот и дисциплината, ќе се бара одговорност од сите, се со цел да со сите сили се насочиме кон релизација на политиките коишто се во интерес на граѓаните” – додаде Николовски.

 

Заев најави уште една седница на Централниот одбор на која ќе се изберат потпретседателите на партијата.