Нимиц: По Атина, очекувам добри разговори и во Скопје

Сподели

Имавме добри средби во Атина. Се надеваме дека ќе имаме добри средби и тука. Се радувам на средбите во Владата и со другите лидери, изјави посредникот на Обединетите нации (ОН) Метју Нимиц по пристигнувањето во Скопје, пренесува државната новинска агенција МИА.

Тој претпладнево, со своите соработници, беше во скопскиот хотел „Холидеј Ин“. Средбите на Нимиц со македонскиот државно-политички врв се закажани за утре.

Како што беше соопштено денеска, Нимиц утре ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, со со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Официјална изјава за посетата и ефектите од разговорите во Скопје медијаторот Нимиц, според најавите од МНР, ќе даде утре по средбата со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.