Нов земјотрес со јачина од 4,2 степени e регистриран во Албанија, а потресот се почувствувал и во Црна Гора, пренесе агенцијата „Танјуг“.
Земјотресот бил со епицентар 18 километри јужно од Медова, на длабочина од 8 километри.
Нема информации за повредени лица.