Нова авионска линија Скопје – Будимпешта ќе биде промовирана денеска на скопскиот аеродром „Александар Велики“.
На оваа релација граѓаните ќе може да патуваат со авионската компанија „Виз ер“.
На промоцијата најавено е присуство на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, генералниот директор на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој и унгарскиот амбасадор Дукс Ласло Иштван.