Во Старата скопска чаршија денес беше промовирана мобилната апликација „Скопје гемс“ подготвена во рамки на проектот “скриените богатства на Старата скопска чаршија“.
Апликацијата нуди седум туристички рути низ Чаршијата и водич до врата на сопствениците на продавниците со стари занаети, вкусна храна, како и до музеите, религиските обележја и историските места во стариот град. Апликацијата е бесплатна преку „Ап стор“ (App Store) и „Плеј стор“ (Play Store) и ќе биде промовирана на скопскиот аеродром, но и преку хотели, туристички инфоцентар, агенции, барови и ресторани, преку интернет и социјалните мрежи, а е достапна на десет јазици.