Нема лидер на партија кој победил на избори, а првата изјава да не му била дека изборите биле демократски. По изборите, без разлика која политичка партија победила, во нејзиниот извештај, на прво место стои дека изборите биле фер и демократски. Но, мислам дека далеку сме од фер избори, согласно со извештаите од ОБСЕ и ОДИХР“, рече експертот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, адвокатотАлександар Новакоски, на денешниот настан во организација на ЦИВИЛ, посветен на слободни избори.
Тој нагласи дека во моментов нема кој да спроведе референдум, оти политичките лидери воопшто не ги интересира зошто нема Државна изборна комисија.
„Кога ДИК не работи во овој период, а има 150 вработени таму, прашањето е што тие луѓе работат, и дали не можеа да го направат Изборниот список. Списокот не се споменува како проблем сега, ама ќе се спомне за референдумот, за референдумот да се оспори“, рече Новакоски
„И да нема вонредни избори, ДИК треба да се професионализира, бидејќи е клучен фактор за спроведување на референдум, па потоа, Собранието и другите институции“, додаде Новакоски.