Нови 125 професионални војници примени во АРМ

Сподели

novi-vojnici-860x680

Нови 125 професионални војници денеска беа примени во Армијата на Република Македонија (АРМ), откако ги поминаат тестовите за селекција.

Министерто за одбрана, Зоран Јолевски, на свеченоста во касарната „Илинден“ истакна дека униформата на АРМ претставува гордост и престиж, а на новите војници им прача дека им престои период „исполнет со предзвици и многу работа“

– Упорно и посветено градиме Армија која ќе биде подготвена на национално ниво, но истовремено да ги извршува и обврските кои произлегуваат од стратегиската цел на Република Македонија – полноправна интеграција во НАТО и во Европската Унија – рече Јолевски.

Тој посочи дека од новите 125 професионални војници, 48 го завршиле курсот и ќе бидат примени во специјалните единици на АРМ.

Министерот, најави дека наскоро ќе биде објавен нов конкурс за прием на доплнителни 90 професионални војници и 25 лица кои има завршено високо образование во одредени струки, како лекари, психолози, инженери итн.

Прашан за исплатата на војниците, Јолевски рече дека Министерството за обрана има доволно пари за плати на војската и дека војниците редовно примаат плата, а биле исплатени и сите дневници, заклучно со април и почетокот на мај.

meta.mk