Нови докази дека предизборната кампања на Саркози ја финансирал Гадафи

Сподели

thumbs_b_c_ac69d689b0e6a4794d15561efdab73db

ПАРИЗ (АА) – Медиумите во Франција тврдат дека постојат нови пишани докази дека поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи во 2007 година ја финансирал изборната кампања на поранешниот француски претседател Никола Саркози, пренесува Anadolu Agency (AA).

Порталот „Медиапарт“ пишува дека во рацете на обвинителот Серж Турнер, кој води истрага против Саркози, се наоѓа тетратка со ракопис, којашто припаѓа на поранешниот министер за нафта на Либија, Шукри Ганем, кој во 2012 година беше пронајден мртов во Дунав, во близина на Виена.

Бележникот е пронајден при претрес на куќата на зетот на Ганем, кој живее во Холандија.

Порталот „Медиапарт“ исто така наведува дека Гадафи ја поддржал кампањата на Саркози со над 6,5 милиони евра.

Обвинителството во Париз во 2013 година отвори истрага во врска со обвинувањата против Саркози.