Нови засилени мерки за заштита на населението од натамошно ширење на коронавитусот

Сподели

 

Министерството за здравство информира дека претпладнево, министерот за здравство, Венко Филипче ќе одржи состанок со Комисијата за заразни болести и комисијата за следење и информирање за состојбата со коронавирусот. Состанокот ќе се одржи во проширен состав, а на него ќе присуствуваат и искусни експерти од различни области.

Меѓу другото, на средбата ќе се дискутира и за евентуални нови засилени мерки за заштита на населението и превенција од натамошно ширење на вирусот кои Комисијата ќе ги достави како предлог до Владата.

Препораките ќе бидат на дневен ред на денешната седница на Влада, а одлуката на Владата ќе биде соопштена на прес конференција веднаш по завршување на седницата.

Министерството за здравство информира и дека, по информацијата добиена од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, здравствената состојба на сите седум пациенти, кои се позитивни на корона вирусот и се хоспитализирани на клиниката е стабилна.