Новогодишно обраќање на Николовски: Вложуваме во луѓето и во 2020 година

Сподели

 

“Новогодишните празници се време да ги прославиме убавите моменти, да се присетиме на сите подвизи, резултати и достигнувања.  Претходната година бележи историски успеси за нашата земја. Она што најмногу ме радува е што токму овие успеси значат подобар живот за нашите сограѓани и посреќни празници за безброј семејства.

Изминатата година докажавме дека можеме да го покачиме стандардот на живот во нашата држава, дека сме политичка партија која се грижи за сите подеднакво, создава просперитетна и сигурна иднина. Инвестиравме во најранливите граѓани, за конечно да ги извадиме од маргините на општеството. Инвестиравме во развој на економијата, во подобри услови за младите, тука, дома. Изградивме пријателски односи со сите соседи, ги запечативме границите и безбедноста на нашата држава, а македонскиот јазик и идентитет ги запишавме на меѓународната мапа.

Новогодишните празници се исто така време на надеж. Надеж и верба дека следната година ќе биде уште подобра и уште поуспешна. Затоа во 2020- та продолжуваме да вложуваме во она што е најважно – во луѓето. Да покажеме вистинска грижа и солидарност во текот на целата година, заедно да изградиме држава со светла иднина која со гордост ќе ја оставиме на следните генерации. Ви посакувам среќни празници, 2020 да биде година на добри мисли, добри дела, многу среќа, љубов и многу успеси!” – изјави Николовски во денешното обрќање до граѓаните.