ЊУЈОРК: Во железничка несреќа повредени 37 патници

Сподели

Повеќе од 37 лица се здобиле полесни повреди откако воз удрил во нешто или излетал од шини кога стигнал на станица во Њујорк, јавуваат светските агенции.

Патниците од возот за новинарите изјавиле дека слушнале силен звук при ударот, а според извештаите од местото на несреќата, одредени лице крвавеле после незгодата.

Инцидентот се случил на станицата „Атлантик“ во Бруклин, а во него учествувал локален воз кој доаѓал од Лонг Ајленд.

Претставниците на железниците наведоа дека засега не е позната причината за несреќата.

„Еј-би-си њуз“ пренесува наводи на њујоршката Канцеларија за управување со вонредни ситуации дека возот, кој наишол со мала брзина, удрил во платформа на станицата или во браник.

Една од патниците рекла дека слушнала силен „тресок“ кога возот удрил во станицата. Друга патничка рекла дека возот се движел побрзо од вообичаено пред да се случи судирот.

meta.mk