Нуланд ќе дојде во Скопје, се подготвува ли нов договор?

Сподели

timthumb

Американскиот помошник државен секретар, Викторија Нуланд околу 10 јули треба да дојде во Македонија, јавува Телма.

„Сега е време да се стави крај на политичката криза“- изјави Нуланд во Скопје, лани во јули.

Сега се очекува нејзината посета да го прекине преговарачкото затишје меѓу четирите партии. Тоа не значи да ги седне на преговарачка маса партиските лидери, ниту да понуди конечно решение за кризата, но високата американска функционерка може да ги поттикне да се повлечат од своите црвени линии.

Агендата на посетата на Нуланд  уште се договара. Освен средби со лидерите на партиите, не се знае дали воопшто ќе се сретне со претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, кој со својот последен говор обвини дека странски држави ја дестабилизираат Македонија.

Во политичките кругови дури се споменува и нов политички договор кој исто така треба да резултира со избори. Опозицијата деновиве го спомена ноември како можен термин за одржување на избори.