Помошник државниот секретар на САД за европски и за евроазиски прашања, Викторија Нуланд, вo понеделник ќе допатува во Скопје, соопшти американскиот Стејт департмент.
Нуланд ќе се сретне со политичките лидери и со претставници на граѓанското општество, со кои ќе разговара за билатерални и за регионални прашања, како и за потребата од решавање на политичката криза, поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство и од создавање услови за веродостојни избори.
Посетата на Македонија е во рамките на турнејата на Нуланд во Југоисточно Европа, во чии рамки, покрај Македонија, таа ќе ги посети Грузија, Украина, Полска, Косово, Албанија, Србија и Кипар.
Нуланд го придружува американскиот државен секретар Џон Кери, кој ќе ги посети Грузија, Украина и Полска.