“Денес заедно со директорот на Управата за животна средина при МЖСПП Хисен Џемаили и директорот на ЈУНП „Шар Планина“ Ибрахим Дехари направивме обиколка на активностите за чистење на дивите депoнии и транспорт на отпадот на дел од предвидените локациите што се наоѓаат на територијата на националниот парк Шар Планина”, изјави Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
Активностите опфаќа чистење на 16 диви депониии во општина Тетово и 12 диви депонии во општините Боговиње, Врапчиште и Гостивар и транспорт на отпадот до депонијата „Русино“.
Министерството за животна средина и просторно планирање ги обезбеди финансиските средства потребни реализација на овие активности, но апелирам до општините, согласно Законот за управување со отпад доследно да го спроведуваат начелото на универзалност на услугите и да обезбедат собирање и транспорт на комуналниот отпад и целосно покривање на подрачјето на кое ја извршуваат јавната услуга за управување со отпад, вклучително и изолираните населби, бидејќи единствено на овој начин може да се спречи повторното појавување на „диви депонии“ на овие локации и едниствено така средствата инвестирани во активноста ќе бидат оправдани и ќе ја постигната целта – чиста и здрава животна средина и подобри животни услови на населението”.