НВО со пет кривични пријави против Србија за воени злосторства во Косово

Сподели

Невладината „Група на граѓанското општество за прибирање докази за воени злосторства и подигање кривични пријави против српските злосторници во војната од 1998/99 година во Косово“, денеска ќе поднесе пет кривични пријави, јави МИА од Приштина.

Според соопштението на Групата, кривичните пријави ќе бидат поднесени во косовското Специјално обвинителство, односно во Департманот за воени злосторства, со кој раководи координаторката за воени злосторства, специјалната обвинителка Дрита Хајдари.