О2 до Заев и Пендаровски: Заштита на нашето здравје и живот правата загарантирани со Устав

Сподели

 

Повеќе здруженија упатија отворено писмо до Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев да ги активираат припадниците на армијата и полицијата за да се заштити правото на граѓаните на здрава животна средина, согласно Член 43 од Уставот, и да се одржи јавниот ред и мир во општеството, согласно Член 3, Член 5 и Член 14 од Законот за полиција.

 

 

“Бараме припадници на армијата и полицијата, во координација со сите капацитети на Дирекцијата за заштита и спасување, Регионалните центри за управување со кризи, Општинските штабови за заштита и спасување, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот комунален инспекторат, Инспекторат на Град Скопје и инспекторатите на општините – активно да се вклучат во заштита на нашето здравје и живот, заштита на животната средина, заштита на нашите права загарантирани со Устав и закони” – напишаа граѓанските здруженија.

 

 

Поддршка даваат и Go Sakam Vodno / Го Сакам ВодноДвижење за чист воздухШепасти Ентузијасти – Pawesome EnthusiastsElektromobilnost Makedonija