Обама: Никој не треба да се плаши во своите верски храмови

Сподели

Да и се спротиставиме на омразата, тоа е нашата американска вреност и сила која не собира да стоиме во солидарноста и со тоа да се штитиме едни со други, што нашиот народ го прави посилен и посигурен, рече Обама

thumbs_b_c_33a8d56a2eac81af3274ce9ae8e55253

ВАШИНГТОН (AA) – Американскиот претседател Барак Обама во својата порака по повод Рамазан Бајрам посебно се осврна на порастот на антимуслиманско расположение во Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).

„Никој никогаш не треба да се чувствува исплашено или несигурно во својот верски храм”, истакна Обама во својата бајрамска порака, укажувајќи при тоа на порастот на нападите на муслиманските Американци, по смртоносното масовно пукање во Орландо на Флорида минатиот месец.

„Да и се спротиставиме на омразата, тоа е нашата американска вреност и сила која не собира да стоиме во солидарноста и со тоа да се штитиме едни со други, што нашиот народ го прави посилен и посигурен”, вели американскиот претседател и додава:

„По доаѓањето на новата полумесечина, Мишел и јас праќаме наши најтопли поздрави на сите кои го слават Бајрам во САД и ширум светот.”

Во продолжение на бајрамската честитка, Обама посебно ја истакна разноликоста на американската нација.

„Муслиманите Американци се различни како и самата наша нација во која се црнците, белците, Латиноамериканците, Азијатите, Арапите. Бајрамската прослава ширум земјата не потсетува на горда историја на нацијата, која ја изградија луѓе од сите потекла. Тоа е нашата историја на верските и граѓанските слободи и нашата историја на иновации и сила”, порача Обама.

Обама, исто така, упати сочуство на семејствата на стадионот на жртвите од терористичките напади кои се случија во текот на месецот Рамазан во Орландо, Истанбул, Дака, Багдад и Медина.