Последниот телефонски разговор како претседател, Барак Обама го имаше со германската канцеларка, Ангела Меркел.
Својот последен работен ден во Белата куќа, претседателот во заминување, Барак Обама, го мина, меѓу другото, поздравувајќи се со своите соработници, но и со странските колеги, а последниот претседател со кој во телефонски разговор се поздравил била германската канцеларка Ангела Меркел.
„Тој ѝ се заблагодари за осумгодишното пријателство и партнерство“, соопшти Белата куќа.
Обама во таа пригода истакнал дека е сосема разбирливо неговиот последен повик да биде упатен до канцеларката Меркел.
Обама, како што се наведува, ѝ за заблагодарил на канцеларката за нејзиното „силно, храбро и стабилно лидерство“.
Тесната соработка на Вашингтон и на Берлин, како и меѓу САД и Европа е пресудна за трансатлантските односи, оцениле Меркел и Обама во својот последен официјален разговор.