Општина Центар објави Jавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постојните кровни конструкции и постојните лифтови во станбените згради на подрачјето на Општина Центар што се во согласност со Програмата за комунални дејности за 2023 година.
Јавниот повик се однесува на финансиска поддршка за поправка на технички неисправни лифтови, како и модернизација и подобрување на безбедноста на постојните лифтови. Финансиската поддршка за реконструкција на покриви и на кровни покривачи e насочена кон замена на постојните со еколошки и нивна реконструкција, во согласност со условите и критериумите за учество.
Проектот е поддржан со финансиски средства од Буџетот на Општина Центар во висина од 30 % од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000,00 денари за реконструкција на постојните кровни конструкции и во висина од 30 % од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 300.000,00 денари за поправка и санација на лифтови. Сопствениците на посебни делови треба да ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 70 % од вкупниот износ од вредноста.
Пријавите со целосна документација треба да се достават во Архивата на Општина Центар, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот, во периодот од 8 мај до 8 јуни 2023 година. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот прв дојден – прв услужен, а право на учество ќе имаат заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради од подрачјето на Општина Центар.
Повеќе информации за условите и критериумите заинтересираните можат да најдат на следниот линк.