Објавена е драфт верзија на стратегијата за реформа на јавната администрација

Сподели

Министерството за информатичко општество и администрација ги објавува драфт верзиите од Стратегијата за реформа во јавната администрација 2018-2020 и Акцискиот план за Стратегијата.

Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022 ги утврдува мерките кои ќе бидат преземени во наредните пет години за остварување општите и посебните цели дефинирани во секоја од приоритетните области.

Приоритетните мерки во областа Јавна служба и управување со човечки ресурси ќе бидат насочени кон деполитизација на администрацијата, преку унапредување на постапките за селекција, вработување и унапредување врз основа на начелата на заслуги, еднаков и фер третман, како и соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците.

Акцискиот план ги дефинира: мерките и активностите кои ќе придонесат кон постигнување на соодветната посебна цел; водечките органи надлежни за спроведување на активностите и другите органи кои ќе бидат вклучени во спроведувањето; почетниот и крајниот квартал во соодветната година што претставува временска рамка за спроведување на активностите; проценка за потребните средства и изворот на финансирање и индикаторите за мерење на успешноста кои се дефинирани на ниво на општа цел, на посебни цели и на мерки.

На двата драфт документи се работеше подолго време и во процесот беа вклучени сите засегнати страни. Стратегијата и Акцискиот план се резултат на инпутите од четирите работни групи во кои учествуваа претставници на граѓанските организации формирани во јуни 2017та, ангажманот на домашни и странски експерти и експертизата од СИГМА.

Документи:

Нацрт Стратегија за реформа на јавната администрација 2018 – 2022 година.

Draft – Public administration reform strategy 2018 – 2022.

Нацрт Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022 година.

Draft – Action plan for public administration reform strategy 2018 – 2022.