Претседателот Стево Пендаровски денеска во 12 часот ќе има обраќање во кое ќе ги соопшти своите ставови во врска со вонредната состојба, свикувањето нова лидерска средба, како и за одржувањето на изборите.
Од Кабинетот на претседателот за посочуваат дека тој ќе одговори на многу прашања кои деновиве се отворија во јавноста, а се однесуваат на состојбата во земјата поврзано со кризата со коронавирусот односно дали ќе има седница на Советот за безбедност и нова вонредна состојба, што исто така се поврзува со одржување на предвремените парламентарни избори.