ОБВИНЕНИЈАТА НА СЈО СЕ ПАДНАА ВО РАЦЕТЕ НА “СВАРОВСКИ” СУДСТВОТО

Сподели

sudstvoПри “распределба”, која е направена во согласност со електронскиот систем за распределба, Татјана Михајловска и Лидија Петровска од Кривичниот суд, се двете судијки кои наместо “Сваровски” ги добија обвинителните акти, што минатата недела до судот ги поднесе СЈО.

Инаку, Михајловска беше истражна судијка во случајот „Ликвидација“, во кој осуден беше новинарот Томислав Кежаровски, а Лидија Петровска беше спомената во една од „бомбите“ што лани ги објави СДСМ, во разговор воден меѓу судијката Софија Лаличиќ и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, во кој се тврди дека Петровска местото го добила со купување подароци од брендот „Сваровски“ за претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова.

Сè уште не се одредени датуми за судење, односно за одржување на главната расправа, за што не е предвиден рок, туку ќе се чека слободен термин.