Очекуваме силна поддршка од Собранието и од пратеници на опозицијата

Сподели

 

Одговор на новинарско прашање, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Прашање: Кога сте подготвени повторно да седнете на заедничка маса со опозицијата преку работните групи за усогласување на заклучоци за францускиот предлог ? Што од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ не е прифатливо или прифатливо за вас како СДСМ? Дали сте подготовени за јавна расправа во Собранието по повод владината Информација за преговарачката рамка?

Одговор: Подготвени сме и секогаш сме отворени на разговор и дискусија со опозицијата и сите политички партии кои се дел од Парламентот и да разговараме на делот на одобрување и текстот на заклучоците се со цел да ги донесеме со кои дополнително ќе ја обврземе Владата да ги зачува црвените линии да биде во линија со Декларацијата донесена во Собранието, тоа се зачувувањето на македонскиот јазик, без фусноти, додавки како и македонскиот идентитет и посебноста на државата кои несмее да биде дел од преговарачката рамка и не е дел. Како пратеници сме подготвени и чекаме да се закаже Пленарната седница на којашто ќе се дискутира за Францускиот предлог и предлог -заклучоците сметаме дека Собранието е место каде што треба да ги соочиме аргументите и фактите и на крајот да донесеме заклучоци со која ќе ја обврземе Владата со зачувување на македонскиот јазик и идентитет и неговата посебност која што е надвор од преговарачката рамка да бидеме конечно дел од европското семејство.