Од 1.2 милиони бегалци, околу 300 000 се вратиле во Сирија

Сподели

Руското Министерство за одбрана соопшти дека ги координира напорите да им помогне на сириските бегалци да се вратат дома и да ја обноват инфраструктурата на земјата уништена од граѓанската војна.

Полковникот генерал Михајл Мизинцев соопшти дека се вклучени руски и сириски официјални претставници во реконструкција на десетици сириски централи, училишта и други важни институции.

Мизинцев рече дека повеќе од 1.2 милиони внатрешно раселени Сиријци и околу 300.000 бегалци се вратиле во изминатите две и пол години.

Во Дамаск, сирискиот министер за јавна администрација Хусеин Маклуф вети дека владата ќе ги заштити правата на сопственост и ќе ги ослободи од воената обврска за една година.

„Сириската влада работи на поедноставување на процедурите за бегалците кои се враќаат, поправка на куќите и ќе се обиде да создаде нови работни места”, рече Маклуф, додавајќи дека властите, исто така, работат на поедноставување на законодавството за да се олесни враќањето на бегалците.

Тој ги отфрли како непријателска „пропаганда” тврдењата дека некои бегалци се соочуваат со апсења по нивното враќање.

Маклуф ги повика западните држави да се откажат од нивните санкции против Дамаск, кои беа воведени на почетокот од конфликтот пред седум години, со цел да им помогнат во постовоената реставрација и да го охрабрат враќањето на бегалците.