Услугата „Закажи средб@” од 1-ви Мај 2018 година ќе биде задолжителна за сите даночни обврзници кои ќе ги користат даночните услуги во Регионалната дирекција Скопје.
Услугата „Закажи средб@“ овозможува секој даночен обврзник да закаже термин за остварување на средба со даночен агент во УЈП – Регионалната дирекција Скопје, во време кое нему му одговара, а со цел консултација за специфични прашања кои се однесуваат на: 1) Oпшти информации (рокови, начини за пријавување и плаќање даноци и др.); 2) Отворање на бизнис и регистрација на даночен обврзник; 3) Консултации за издадени даночни документи; 4) Утврдување на даноци; 5) Постапки за наплата на долгови; 6) Правни прашања.
Услугата „Закажи средб@“ може да се користи он-лајн или преку Инфо центарот на УЈП. За да закажете средба повикувајте го Инфо центарот (0800 33 000 или 02/3253 200) или направете го тоа он-лајн преку веб страницата на Контакт центарот kontaktcentar.ujp.gov.mk, која овозможува пристап до услугата „Закажи средба“.