Од 2012 година 26.100 Македонци добиле бугарско државјанство

Сподели

Во периодот од почетокот на 2012 година до средината на месецов, 26.108 Македонци добиле бугарско државјанство, со образложение дека имаат барем еден родител со бугарско потекло, јавува бугарскиот „ЕУскуп“.

Со тоа, од вкупно над 60.000 нови бугарски државјани во тој период, Македонците се најголемата група, јавува веб-страница повикувајќи се на податоците од Комисијата за бугарско државјанство.

Во наведениот период, биле одбиени 4.458 барања од Македонци, и тоа поради неисполнување на условите или немање доволно докази за потеклото.

Од подрачјата на Македонија, Албанија и Косово, од почетокот на 2012 година до средината на јули годинава биле доделени државјанства на 37.133 луѓе.