Од денеска казни за невакцинираните граѓани над 60 години во Грција

Сподели

 

Казните за лицата на возраст од 60 и повеќе години кои не биле вакцинирани против коронавирусот се на сила од денеска во Грција.

За јануари, казната ќе биде 50 евра, со оглед на тоа дека е за половина месец, а за секој нареден, административна глоба е 100 евра.

Државните здравствени власти ќе ги проследат имињата на невакцинираните до финансиските власти за наплата на казните. Парите ќе бидат искористени за помош на болниците во Грција.

Од задолжителната вакцинација ослободени се оние кои прележале ковид-19 во последните 180 дена, оние кои се вакцинирале во странство, како и оние кои имаат докажани здравствени причини кои ги спречуваат да се вакцинираат.