Бугарија ги отвора границите за македонските туристи кои можат да влезат во земјата со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.
Со приложен негативен ПЦР тест кој не е постар од 72 часа, од денес во Бугарија може да влезат граѓани на нашата земја, но и на Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Молдавија, Израел и Кувајт. За граѓаните на Украина, оваа одлука ќе важи од 30-ти јули.
во земјата без ПЦР тест можат да влезат граѓани од земјите членки на Европска Унија, како и од Велика Британија, Северна Ирска, Шенген зоната, но и од Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Република Кореја, Тајланд, Тунис, Источна Република Уругвај.